Попладнево се запали камион во близина на кружниот тек во Сарај, камионот бил целосно зафатен од огнот, пишува Алсат.

Засега нема извештаи за жртви и потешко повредени, нема ни информации дали камионот бил празен или натоварен со роба.

Детали се очекуваат подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.