На 19.01.2022 во 02.10 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар на патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Ј.(61) од Скопје.

Повредени лица нема, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила, „цитроен ц4“, сопственост на В.А.(70) од Скопје и „југо корал“ сопственост на Н.С.(70) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.