Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека во автобусот немало патници. Возачот на автобусот бил сам во него кога почнал пожарот, по што тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат. Сепак, огнените јазици били силни и го зафатиле целосно.

Светиниколските пожарникари се на терен, од пожарот на автобусот зафатена е и ниско стеблеста шума. Пожарот се случи пред половина час и веднаш е реагирано. Среќа е што во него немало патници – вели Велковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.