Сè уште се трага по 16-годишното момче што изчезна во водите на Преспанско Езеро.

Во Полициска станица Ресен вчера во 18,18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското Езеро исчезнал 16 – годишен малолетник од Ресен.

МВР денеска соопшти дека од надлежните служби се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Весникот „Нова Македонија“ претходно објави дека до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.

Сите напори на присутните да го спасат третото момче не успеале. Тие се обиделе да го пронајдат и со мрежа, но сето тоа било залудно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.