РЦУК Тетово известува дека од последниот контакт со ПС Групчин во 17:40 часот e добиена информација дека се уште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници, ако ги имало, од автомобилот што излета во реката Вардар кај с. Желино.

Од 16:45 часот, освен специјализирана екипа од МВР, 6 припадници на ТППЕ Тетово и 6 вработени во Општина Желино во потрагата е вклучен и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес.

Потрагата е во тек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.