Едно лице е приведено, а против две лица ќе биде поднесена пријава за нарушување на јавниот ред и мир откако синоќа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ физички ги нападнале обезбедувањето и двајца полициски службеници.

Според информациите од МВР, приведен е 31-годишниот С.М. од Скопје бидејќи во 02:45 часот физички нападнал вработен од обезбедувањето на болницата и полициски службеници кои интервенирале по пријавата.

По целосно документирање на случајот, против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, директорот на болницата за медиумите го потврди инцидентот посочувајќи дека во раните утрински часови бил нападнат персонал и претставници на полицијата од страна на лица кои дошле како придружба на повреден пациент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.