Ноќеска околу 02 часот било пријавено дека на патот Струга – Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со  скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И. (39) од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17 годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17 годишен малолетник и двајцата од с. Лабуништа, струшко.

Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата ,,Св.Еразмо – Охрид’’.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.