Неколку лица, меѓу кои и деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево пред наплатната рампа на патот Велес-Катланово, објави „24 Инфо“.

Според првичните информации, во сообраќајката учествувале три автомобили и камион.

Камионот, кој пренесувал бостан, излетал од патот, но дали по судиротт со автомобилите или за да ги избегне не е познато.

Повредените со возила на Итната помош се транспортираат во болниците, а полицијата врши увид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.