Едно лице е повредено во несреќата што се случила вчера во 13.25 часот на регионален пат Макази – Маркова Нога, на крстосница за с.Долна Бела Црква, ресенско.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управуван од Ж.И.(78) од с.Курбиново, ресенско, и мотоцикл „БМВ 1200“, со битолски регистарски ознаки, управуван од А.О.(36) од Битола.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициско одделение Ресен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.