Два мотоцикли се судриле во сообраќајката кај кавадаречко Фариш, на патот Кавадарци-Плетвар.

Како што информираше попладнево за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, во полиција било пријавено дека е случена сообраќајна незгода помеѓу возач на мотоцикл „сузуки“ со бугарски регистарски ознаки управуван од 33-годишен скопјанец и возач на мотоцикл „БМВ“ со скопска регистрација, управуван од скопјанец на возраст од 47 години.

-Досега нема пријава за повредени лица. Полициска екипа е упатена на лице место, рече Самарџиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.