Три лица се повредени, од кои едниот потешко, откако вчера попладне се двајца моторџии судриле на улицата „Маршал Тито“ во Неготино.

Како што сооптши МВР, сообраќајната незгода помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(20) од с.Долни Дисан, неготинско и мопед „лонџија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Неготино, се случила вчера околу 18 часот.

Во незгодата Х.М. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од мотоциклот У.М.(20) и А.А..

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.