На 25.05.2019 година во 16,35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Иво Лова Рибар“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл “Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на моторцилкот бил пренесен во градската болница Прилеп, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица Прилеп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.