Вчера околу 17 часот и 20 минути на регионалниот пат Гостивар – Градец, во Дебреше, се случила сообраќајна несреќа при што биле повредени две лица.

Спорд пријавеното во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „имт“ со приколка, што го управувал И.Р.(56) од с.Боговиње, тетовско.

Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.