Три лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу автобус и комбе која вчера се случила во селото Жван.

Вчера во 04,29 часот било пријавено дека во с.Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе “там“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од с.Вирово и автобус “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.К.(56) од с.Сопотница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш.(81) од с.Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н.(72) од с.Вирово констатирани во Клиничката болница Битола, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.