Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу автобус и автомобил „бмв“.

Според инфорамциите, автобусот го управувал Н.А. (39) од Куманово, а автомобилот Н.М (28) исто така од Куманово. Во несреќата повредени се двајцата возачи и 19 патници од автобусот. Тие се пренесени во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.