Двајца полицајци биле повредени вечерва во сообраќајна несреќа во Неготино, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Марксова” и „Фемо Кулаков”, на Тимјанички пат.

Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу две патнички моторни возила, со неготински регистарски ознаки, „Ауди”, сопственост на Министерството за внатрешни работи, во кое патувале полициските службеници од ОВР Неготино и „мерцедес”, управуван од неготинец.

Самарџиев рече дека полицајците се здобиле со лесни телесни повреди. Бил извршен увид на лице место, од страна на припадници на неготинската полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.