Млади, ама и постари скопјани, се тепале во две кафеани во населбата Центар на главниот град.

Нема детали каде точно се случила тепачката и зошто дошло до расправијата.

Инцидентот се случил на 15 мимути после полноќ, а во неа учествувале осум лица.

„На 10.10.2021 во 00.15 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар, по предходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.А.(24), Т.С.(32), А.П.Ч.(37), од една страна и Б.А.(25), Д.К.(54), П.А.(31), З.К.(57), Д.Р.(56), од друга, сите од Скопје. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.2 од ЗППЈРМ“, се вели во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.