Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во 20.15 часот на регионален пат 1102, од с.Смоквица кон с.Прдејци, општина Гевгелија, во близина на мостот на река Зујца.

Како што соопшти МВР, управувајќи патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, К.К.(51) од Скопје изгубил контрола над возилото, по што тоа се превртело на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.