Млад човек на 20-годишна возраст го загуби животот во несреќа што се случила на падините на планината Галичица.

Според првичните информации објавени од „Скопје1“, жител на селото Љубаништа смртно настрадал кога се превртел тракторот со кој управувал на планинскиот пат што од Отешево преку Галичица води до магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Увидот на лице место и истрагата треба да ги утврдат околностите и причината што довела до несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.