На 28.11.2019 во 14.50 часот било пријавено дека на автопатот Неготино – Градско, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од Битола, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот.

Во незгодата возачот и сопатникот С.С.(34) се здобиле со тешки телесни повреди. Потоа, во паркираното возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, кое дошло на местото на незгодата, удрило возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Скопје, а потоа во него удрило возило „киа рио“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(39) од Скопје. Притоа со повреди се здобил И.М. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.