Полицијата во Велес уапсила двајца разбојници, коишто се обиделе да ограбат продавница.

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 20 часот ги лишиле од слобода 30-годишниот К. Г. и 36-годишниот, Љ.Ј., двајцата од Велес, затоа што 15 минути претходно со закана се обиделе да извршат разбојништво во продажен објект во градот.

 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Додевски воедно информира и дека околу 13 часот во СВР Велес, 32-годишниот Н.П. од Велес пријавил дека бил физички нападнат на ул „Тодор Христов – Офицерчето“ од страна на 30-годишниот К.Г. од Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.