Синоќа во 00:10 часот на Граничниот премин Табановце за излез од Македонија, при извршена пасошка контрола на 36-годишниот Ј.A. државјанин на Република Бугарија било констатирано дека во патната исправа имал вметнато биометриската страна која отстапувала од оригиналот.

Со него бил извршен разговор и кажал дека се вика B.O.(36) државјанин на Република Турција. Патната исправа била одземена, а B.O. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.