Вчера во 18.15 часот во Полициска станица Бит пазар, К.Х.(62) од Скопје пријавила дека околу 14.45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари.

Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка.

По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во изминатата година неколкупати била пријавувана истата измама во полиција, но во дел од тие случаи била успешна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.