Вчера околу 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр.67, кај Транспортен центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца 17 – годишници од с.Моране и од с.Студеничани, скопско.

Според пријавеното, малолетникот од Моране со остар предмет му нанел повреди на малолетникот од Студеничани. По настанот, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а напаѓачот бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица Аеродром.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.