Од десетте повредени градежни работници во Куманово, двајца се во критична состојба и веднаш се префрлени во Ургентниот хируршки центар во Скопје, други двајца се здобиле со тешки повреди, но не се во животно-загрзозувачка состојба, а останатите се стабилни и се задржани во кумановската болница, информираа надлежните од болницата.

Работниците се повредиле додека извршувале градежни активности претпладнево на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „Авној“ во Куманово, во населбата „Зелен Рид“ додека изведувале градежни активности помеѓу мрежи од арматури.

Претходно, директорката на болницата, Снежана Захариева, информираше дека двајцата потешко повредени веднаш по прегледите на кумановскиот ургентен центар, со комплетна медицинска екипа се префрлени во Скопје, а останатите беа задржани во кумановската болница каде им се пружаше помош.

Случајот го потврдија од СВР Куманово и нивни екипи се уште вршат увид на местото на несреќата, како и од обвинителството од каде велат дека локацијата е обезбедена и се прибираат и вештачат траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.