Полициски службеници од Полициската станица Кичево вчера околу 15.30 часот во с.Колибари, кичевско, од слобода го лишиле А.Е.(24) од с.Арангел, кичевско, за кого била распишана потерница за издржување казна затвор од 12 години во Затворот „Идризово“.

По преземени мерки и по извршен разговор со него било утврдено дека во октомври, ноември и почетокот на декември 2019 година, А.Е. со уште две лица од Гостивар, извршиле 17 кривични дела тешки кражби и кражби на подрачјето на Полициските одделенија Осломеј и Зајас.

Во координација со Полициската станица Гостивар, a во врска со сторените круивични дела, од слобода бил лишен и З.И.(25) од с.Дебреште, гостиварско, по што бил спроведен во Полициската станица Кичево.

За преземените активности бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.