Вечерва во Скопје се вршат претреси на повеќе локации и се приведуваат лица поврзани со меѓународната организирана криминална група, а во врска со заплената на 100 кила марихуана денеска во Охрид, дознава Медиа.мк .

Медиа.мк дознава дека Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР заплени 114 пакети високо квалитетна марихуана спремна за продажба. Лицето во Охрид е приведено при примопредавањето на дрогата. Се работи за криминална група од Македонија, Албанија и Турција. Оваа група подолг период била предмет на оперативна обработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.