СДСМ денеска информираше дека е запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски и бара Министерството за внатрешни работи и сите останати надлежни институции веднаш да постапат и да ги пронајдат сторителите.
Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците. Во изминатиот период имаше серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци. Мора да има одговорност. Неприфатливо е ова насилство кое почнува да царува низ улиците само заради неспособноста на МВР да ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.