Тетовската полиција бележи дека во јануари 2021 година против 22 сторители инволвирани во нарушувањата на јавен ред и мир се поведени прекршочни постапки, кои платиле казни од 300 до 800 евра.

Учесниците во физички напади или тепачки, согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир ќе се соочат со парични глоби, кои зависно од прекршокот, се движат од 300 до 800 евра во денарска противвредност. Најмногу од прекршоците се случиле на јавен протор, во угостителски и други објекти и во нив претежно биле инволвирани машки лица на возраст над 25 години, изјави Марјан Јосифски, портпарол на СВР Тетово.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, минатиот месец, (јануари) вкупно регистрирани се 12 нарушувања на јавниот ред и мир односно 23 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Овие наршувања во најголем број се целосно расчистени и заокружени со 20 барања за поведување прекршочна постапка а против 22 сторители инволвирани во нарушувањата, односно прекршоците, опфатени со поднесоците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.