Полициски службеници на СВР Тетово вчера уапсиле две лица пријавени за семејно насилство.

Во 15 часот го лишиле од слобода К.Н.(37) од тетовско село, кој непосредно пред тоа бил
пријавен од неговата 30-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Како што соопштија од тетовската полиција, тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

Вечерта, пак, 10-тина минути пред полноќ извршиле службен разговор со 22-годишниот Н.А. од
тетовска Голема Речица, кој бил пријавен од 21-годишна тетовка, со која претходно бил во врска, дека физички ја нападнал.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.