Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Кавадарци, загина маж, а неговите брат и татко со тешки телесни повреди беа пренесени на клиника во Скопје.

Како што соопштува МВР, во 17.15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај Градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус“ со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.Л. (51) од с.Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра“, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки.

На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, а смрт кон-статирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле во-зачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од с.Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и со-патничката од истото возило М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна еки-па на ОВР Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.