Непознато лице вчера се обидело да силува 86-годишна жена, по што физички ја нападнал и ја ограбил.

Ноќта петок кон сабота околу полноќ во Кочани, непознато лице се обидело да изврши обљуба врз 86-годишна жена во нејзиниот дом, физички ја нападнал по што ѝ одзел материјални средства, соопштуваат од полиција.

Извршен бил преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.