Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска го одбила барањето на одбраната на обвинетиот Орце Камчев за изземање на обвинителката Лиле Стефанова од случајот „Плацевите на Водно”, соопшти на денешното рочиште судијата Илија Трпков.

Одбраната на Камчев бараше изземање на обвинителката Стефанова поради сомневање за нејзина пристрасност кон Камчев.

-Истиот јавен обвинител ја води постапката којашто се води против Камчев, “Империја”, постапка којашто беше инфицирана со одредени недозволени дејанија на тогашниот единствен обвинител на СЈО. Постои правосилна судска пресуда со којашто се докажува дека во таа постапка Катица Јанева ја злоупотребила својата положба, појаснуваше Миланов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.