Обвинителката Вилма Рускоска се побуни како доказ да биде изведен извештајот на МВР од операцијата „Платформа“ на денешното рочиште за случувањата на 27 април. Таа сметаше дека тој извештај не е поврзан со обвиненијата против Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Судијата Илија Трпков сепак дозволи доказот да биде презентиран и изведен.

Во извештајот на ОШ на МВР, кој бил изготвен на 27 април, се наведува дека нема дојдени од други градови.

Суштината е дека МВР констстирало дека нема организиран превоз, рече Јанакиески.

Рускоска во обвинението тврди дека токму Јанакиески и Ристовски ги организирале протестите и носеле граѓани од други градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.