Трајко Вељаноски го праша сведокот Спасовски дали на координациите што тој присуствувал се разговарало за избор на претседател на Собранието на што тој одговори потврдно, но и дека точката не била ставена на дневен ред на седница.
Спасовски потврди дека мнозинството било формирано во март 2017 година, а не кога констутитивната седница започна во декември 2016 година.
Адвокатот Миланов го праша Спасовски дали е точно дека е пратеник повеќе мандати на што тој одговори потврдно. Беше прашан и дали ги поддржувал протестите на Шарената револуција, но на барање на Рускоска судијата не го дозволи ова прашање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.