обвинителката Вилма Рускоска во завршните зборови рече дека е побиено тврдењето на Бојан Јовановски дека не знае каде завршиле парите од снимката на која се гледа како Кичеец изнесува торба Луј Витон од домот на Јордан Камчев.

Доставивме доказ со точна локација и фотографија дека торбата завршила во домот на родителите на Јовановски, истакна Русковска.

Обвинителката покажа видео снимка на која се гледа како Кичеец навистина враќа некаква торба во домот на Камчев, но убаво се гледа дека тоа не е Луј Витон чантата. Рускоска додаде дека намерно ја чувале оваа снимка за во завршните зборови на што реагираа адвокатите на Јовановски и Јанева. Боки се побуни и рече дека ова е чиста монтажа, на што судијката му кажа дека ако продлжи ќе го напушти судењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.