Една Русинка и двајца Охриѓани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на патото Охрид-Кичево, по што се пренесени во болница.

Вчера во 20:30 часот, било пријавено дека магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Издеглавје, општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода меѓу возила со охридски регистарски ознаки, „Фолксваген џета“ управувано од Е.С.(22) и „БМВ“, управувано од А.И.(45), двајцата од Охрид – информираат од МВР.

Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со тешки телесни повреди се здобила и Е.С.К.(26) од Русија-сопатник во второто возило, која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид – додаваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.