Маж и жена на 28 и 24 години се приведени откако се заканувале на вработена во тетовската Клиничка болница вчера околу 19 часот, соопшти денес СВР Тетово.

Вчера околу 18 часот и 45 минути, на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(28) и 24-годишната С.А. од Тетово. Тие половина час пред тоа ја навредувале и и се заканувале на 34-годишна вработена во тетовската Клиничка болница, во која се лекувала нивна роднина, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата продолжува со мерките за расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.