Eдна година траела обљубата врз малолетно дете во село Липково, Кумановско, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Случајот вчера го пријавила мајката на малолетното дете.

Во СВР Куманово, 40-годишна жена од Куманово пријавила дека од почетокот на 2019 година до почетокот на 2020 година, нивен роднина од село од општина Липково во повеќе наврати извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.