Семејството Николови, од кочанско Оризари, повеќе од 24 часа трага по 16-годишната Наташа.

Последен пат е видена вчера во осум часот утрината, кога дома кажала дека ќе оди во училиштето.

Според неофицијални информации, таа никогаш не дошла до училиштето, а родителите ги молат граѓаните кои ја виделе или имаат некаква информација да се јават во најблиската полициска станица.

Ниту еден од нејзините сооченици вчера не бил во училиштето да ги врати учебниците, бидејќи немало закажано такво нешто. Според податоците од класниот раководител таа редовно се вклучувувала на онлајн настава, но во второто полугодие ниту еднаш не одговарала усно туку на сите прашања одговарала писмено, вели Тони Велков заменик директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“.

На Наташа вчера ѝ било роденден, но не го прославила со семејството. Нејзините родители се скршени од болка, но целото семејство се надева дека потрагата ќе има среќен крај.

Таткото на Наташа за „Телма“ рекол дека мобилниот не може да се лоцира, но дека се надеваат дека сепак нивната ќерка ќе се врати.

Од СВР Штип велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.