Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од вчера. Веста за Фокус ја потврдија нејзини роднини, кои без престан по лоши временски услови трагаа по девојчето.

Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – вели близок роднина на девојчето.

Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.