Мртво новороденче било донесено вчера од страна на родителите во Клиничката болница во Битола, соопштија од Битолската полиција. Вчера околу 13,35 часот од Болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство, пишува Апла.мк.

Полициски службеници констатирале дека бебето било донесено од родителите Р.А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција. Од СВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.