Вчера околу 18 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Скопје-Тетово, во непосредна близина на клучката Групчин, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од 20-годишната З.М. од скопско Морани, излетало од коловоз.

Во несреќата, двајца сопатници во возилото Х.М(46) и 51-годишната Е.С. од истото село се здобиле со тешки, а возачот и другите двајца сопатници со телесни повреди констатирани во
тетовската Клиничка болница каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата, во координација со Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.