Околу 300 килограми кокаин се запленети во саботата на пристаништето во албансниот град Драч во Албанија, а дрогата била сокриена во камион со македонски ознаки, кој требало да замине за Италија.

Како што може да се види и од самата фотографија објавена од страна на полиција, кокаинот бил спакуван во пакети и под логото на светски познатите брендови „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот фудбалски гигант ПСЖ.

Како што информираат од албанската полиција, со камиотнот управувал македонскиот државјанин 40-годишниот Н.А. кој веднаш е уапсен.

Сега истрагата треба да открие, дали дрогата била натоварена во Македонија и ја минала границата а не била откриена, кој стои зад тоа и која била крајната дестинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.