На 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Од страна на полициски службеници, информираа денеска од МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Регистрирани се 585 прекршоци по однос на мерката за не носење лична заштита на лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.