Државниот пазарен инспекторат затвори угостителски објект во липковското село Виштица, затоа што по контролата на полицијата било утврдено дека објектот работел по дозволеното време и биле затекнати 18 гости и сопственикот.

Вчера полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект во село Виштица, општина Липково, сопственост на Р.И.(31) од село Виштица, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати 18 лица-гости и сопственикот – информираат од МВР.

Од Министерството додаваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.