Во отвореното оделение во затворот Шутка во соба која престојуваат 2 лица, но во тој момент не биле таму настанал мал пожар. Во 21:15 часот од затворската полиција било приметено дим при што дејствувале со ППА и го изгаснале пожарот.

Директорот на затворот Филип Андов Сокол за 24-Инфо потврди за настанот и изјави дека причината за пожарот била инсталација од греелка. Затворениците веднаш биле регресирани во друг одел, за среќа нема поголема материјална штета а ке следува и дисциплинска одговорност, изјави Андов.

Пожар изби синоќа во една од собите во затворот Скопје во Шуто Оризари. Пожарот бил локализиран со противпожарен апарат од страна на вработените, а повредени лица нема, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.