Драги Рашковски од приемното одделение, пред пет дена е преместен во друга ќелија. Од затворот велат дека тој не е сместен со друго лице, со одобрение од судот. Директорот Филип Андов за „А1он“ вели дека Рашковски се храни со затворска храна, а го користи и правото на пратки со храна од надвор.

– Во согласност на законот и куќниот ред се прави проценка за безбедносен ризик за притвореното лице каде ќе биде сместен и со кого така да ризик не постои. Неговата здравствена состојба е стабилна, прегледан е кај затворскиот лекар, нема здравствени проблеми, брза помош не е повикана, не е прегледан надвор од затворот. Не е точно дека притвореното лице Драги Рашковски е во лоша психолошка состојба, вели Андов.

Рашковски е изолиран од ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев, кои исто така издржуваат мерка притвор во затворот, по одлука на Кривичниот суд поради опасност од бегство. За разлика поплаките кои ги имаше Камчев при издржувањето на притворот поврзани со лошите услови во затворот, Рашковски се нема пожалено до затворската служба и управата.

– Меѓусебен контакт помеѓу притвореникот Драги Рашковски и притворените С.М. и Ј.К., не е можен. Притвореникот Рашковски се нема пожалено дека добива притисоци и уцени и е ставен на распоред за користење на свеж воздух но истиот има право да го користи или не, додава Андов за „А1он“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.