Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против 16-годишник од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ и против М.А.(32) од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 05.01.2021 во с.Врапчиште, М.А. со пневматска пушка „Gamo – Whisper fusion“ калибар 4,2 мм, во негова сопственост, која ја поседувал со дозвола, со еден истрел му нанел повреда на 12-годишник од с.Врапчиште.

Потоа, М.А. свесно му ја дал пневматската пушка на 16 – годишникот, како и една кутија со дијаболи за неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.