Рафали од калашников ги вознемирија вечерва жителите на скопската населба Бутел.

Според првичните неофицијални информации, две рамки од калашников рафално биле испукани во близина кај социјалните згради.

Засега нема информации за што точно станува збор, но можат да се слушнат сирените на амбулантни возила.

Три амбулантни возила веќе се упатени кон местото, што на социјалните мрежи ги подгрева шпекулациите дека можеби има и повредени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.